АЛТИУС СОЛУШН ДООЕЛ Ви овозможува користење на услуги и содржини на својата страница www.birdini.mk во склад со долунаведените УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ. Условите на користење се применуваат на сите содржини и услуги на веб-страната www.birdini.mk. Се подразбира дека корисниците се запознаени со овие услови доколку го користат било кој дел од нашата веб страница, како и дека прифаќаат дека користењето на оваа веб страница е единствено за лична потреба и на сопствена одговорност.
ПОДАТОЦИ ЗА ФИРМАТА
АЛТИУС СОЛУШНС ДООЕЛ
Адреса: Ул. Димо Гавроски Кара 29/8, Тетово
Телефонски број: 071 334 140
WEB адреса: www.birdini.mk
УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ
Почитувани корисници,
Ве молиме пред користење на нашите услуги внимателно да ги прочитате следните услови. Секоја посета на нашата страница значи дека сте ги прочитале овие услови и дека сте во целост согласни со истите. Доколку тие за вас се неприфатливи, ве молиме да не ја користите оваа веб апликација.
www.birdini.mk ги има авторските права на сите содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци и програмерскиот код). Неовластено користење на било кој дел од порталот без дозвола на сопственикот на авторските права се смета за повреда на авторските права и подлежи на тужба.
АЛТИУС СОЛУШН ДООЕЛ ја администрира оваа страница од своите канцеларии во Тетово, Република Северна Македонија. Не гарантираме дека материјалите и услугите на оваа локација се соодветни или достапни за користење надвор од Република Северна Македонија, а пристапување од подрачја каде нивната содржина е незаконска е забрането.
Личните податоци кои ги проследувате до сајтот www.birdini.mk со цел купување на производи ќе бидат третирани во согласност со нашата политика за заштита на приватноста.
Забрането е праќање или пренесување на незаконски, заканувачки, навредливи, клеветнички, порнографски или други несоодветни материјали. АЛТИУС СОЛУШН ДООЕЛ не сака да прима доверливи информации од корисниците преку оваа веб-страница.
КУПУВАЊЕ СО ДОВЕРБА
Регистрацијата на нашата веб-страница е едноставна и бара внесување на основни податоци.
Со клик на копчето „ДОДАДИ ВО КОШНИЧКА“ производот се додава во вашата кошничка.
Рокот на испорака е 3-7 работни дена. Купувачот треба да биде достапен за прием на пратката во договореното време.
По приемот на производот, доколку има оштетувања или несоодветности, ве молиме контактирајте нè на 071 334 140 во рок од 24 часа или испратете е-маил на [email protected].
АЛТИУС СОЛУШНС ДООЕЛ се обврзува да ја чува приватноста на своите корисници и да ги користи податоците исклучиво за обработка на нарачки.
Следи нѐ на социјалните мрежи за да погледнеш најразлични комбинации за Birdini сандалите